» , ,
Škoda го испорача првиот Enyaq iV

Електричен старт на Škoda

» Škoda започна со испорака на Enyaq iV. Со својот прв електричен модел од новата генерација, чешкиот производител го направи најголемиот чекор досега во својата стратегија. Првиот примерок на Enyaq iV отиде кај семејство во Норвешка. После скандинавските пазари, ќе следат испораки во Западна и Централна Европа кои се планирани за мај и јуни годинава. Купувачите на првиот Enyaq iV во светот, веќе некое време заинтересирани за електричен автомобил, се одлучија за Škoda заради автономијата, пространоста и атрактивната цена. Тие воопшто го немаа видено во живо до моментот на испораката – нарачката ја имаат направено виртуелно, заради што нивното задоволство од автомобилот беше поголемо.

Enyaq iV е првиот модел на Škoda направен на MEB модуларната електрична платформа на Volkswagen групата.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *