» , ,
Nissan како излезен од војна на ѕвездите (видео)

Сешто има на овој свет!

» На патиштата низ Калифорнија возат секакви автомобили, ама дека има и ваков е тешко да се поверува. Но, фотографиите и видеото не лажат – неговиот сопственик Шон Крозби, глумец по занимање, како фанатичен љубител на серијалот Војна на ѕвездите го има преработено овој Nissan 350Z во возило кое навистина изгледа како да излегло од научната фантастика. Изборот на темата и вкусот можеби не, но треба да му го признаеме вложениот труд бидејќи скоро сé на купето е направено од евтини или рециклирани материјали.

Оби-Шон како што сака да го нарекуваат, со ова возило има поминато околу 200.000 километри обиколувајќи ги детските болници низ САД.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *