Поатрактивен и посилен
» Откако Subaru во ноември ја претстави втората генерација на BRZ, љубителите на Toyota желно го очекуваа и неговиот близнак GT 86, кој еве сега, после пет месеци пристигна со нова ознака – GR 86. И двете купеа настанати со заеднички сили на јапонските марки имаат скоро идентичен дизајн кој со пониската силуета и поиспакнатите крила им дава помускулест изглед. Разлики напред се забележуваат кај маската, браникот и светлата, додека назад ги нема. Идентични се и ентериерот и механиката, чија основа сега е 2,4 литарски боксер со 235 KS и 250 Nm, со кој спринтот до стотка трае 6,3 секунди. Силата се испраќа на задните погонски тркала преку шестстепен менувач, мануелен или автоматски по желба. Во корист на динамиката на возење се и останатите механички измени, како и тежината намалена со употреба на лесни материјали.
Продажбата на Toyota GR 86 ќе започне наесен.