Комерцијализацијата следната година
» Првиот целосно електричен електричен автомобил на Fiat, новиот 500, пристигна во Македонија. Станува збор за еден примерок во кабриолет изведба кој ќе се користи за потребите на компанијата, додека официјална комерцијализација на нашиот пазар се очекува да започне во текот на следната година. Новиот Fiat 500 е опремен со системот за брзо полнење од 85 kW што овозможува да се наполни батеријата за многу кратко време. Автономијата е до 320 km според WLTP циклусот, благодарение на литиум-јонските батерии кои имаат капацитет од 42 kWh. Електричниот Fiat 500 е опремен и со новиот систем за информирање и забава од петтата генерација UConnect 5, поврзана платформа направена за иднината, на располагање со екран на допир од 10,25 инчи. Новиот 500 е опремен со напредни системи за помош на возачот кои го прават возењето полесно, побезбедно, поедноставно и уште позабавно, како и првиот автомобил во неговиот сегмент што е опремен со автономно возење на ниво 2.
Понудата на тековниот Fiat 500 на домашниот пазар е со бензински 1.2 мотор со 69 KS и хибриден мотор од 70 KS, на располагање со пет нови пакети на опрема, нови бои и нов ентериер. За повеќе информации посетете ја официјалната страна www.fiat.mk или овластената продажна мрежа на Fiat во Македонија.