Парите отидоа во добротворни цели
» Новата генерација на Ford Bronco веќе привлече 125.000 луѓе, а уште не започнала да се продава. Редовната испорака ќе започне во јуни, а засега само еден купувач ја имаа таа можност да се пофали дека е сопственик на новиот Bronco. Но тој за тоа плати точно 1.075.000 американски долари, колку што на аукција постигна првиот произведен примерок. Се работи за Bronco Sport First Edition со Lightning Blue боја, Navy Pier кожени седишта, 2.7 V6 EcoBoost мотор и 10-степен автоматски менувач чија редовна цена изнесува 57.410 долари. Според традицијата, парите се наменети за добротворни цели.