По втор пат Golf не е најпродаван автомобил
» Исто како и во јануари, Volkswagen Golf не е најдобро продаван автомобил во Европа – минатиот месец тоа беше Peugeot 208. За тоа придонесе силната побарувачка за францускиот субкомпакт, вклучително и неговата електрична верзија, која во јануари до доведе до второто место. И повторно исто како и во јануари, Golf не е дури ниту втор – сега пред него е 2008, додека во јануари освен Toyota Yaris кој беше на првото место, пред деценискиот европски владетел се најде и Dacia Sandero.
Еве како изгледаше топ-10 листата на најдобро продавани автомобили во Европа во февруари.