» , , ,
Dacia Spring 🤔 Многу изненадувања, пријатни и не

Евтино, слабо и бавно (со видео)

» Електричниот Spring наскоро пристигнува на пазарот, кој како велат од Renault, ќе отвори ново поглавје за Dacia во кое романската марка ќе го започне својот пак во електрификацијата заснован на стручноста на групата и нејзиното искуство во оваа област. Но за жал, со многу изненадувања, пријатни и не. Пријатно и тоа многу е што Dacia Spring е најпристапниот европски електричен автомобил. Ова европски сфатете го условно бидејќи ќе се произведува во Кина.

Но тоа не е изненадување бидејќи го знаевме. Она што не го знаевме, а можевме да го претпоставиме бидејќи Spring е ребрендиран City K-ZE кој Renault го продава таму, е дека ќе има електромотор со неухранети 44 коњски сили со кои се забрза до 100 km/h за анемични 19,1 секунди. Французите велат дека брзината била ограничена на 125 km/h, но и без ограничување вистинско чудо ќе биде овој 970 kg тежок кросовер да постигне повеќе. Кому и ова му е многу, постои и Eco режим на работа при во електромоторот произведува едвај 31 KS, максималната брзина е ограничена на 100 km/h, а автономијата која нормално изнесува 230 km се продолжува за 10 отсто. Бавно е и полнењето на батериите од 27,4 kWh кои на куќна 220 V мрежа трае 13,5 часа, а на брз 30 kW DC полнач до 80% од капацитетот за 56 минути. Непријатни за читање се и бројките за димензиите – должината на Dacia Spring изнесува 3.734 mm (за 14,5 сантиметри повеќе од Twingo и за 31,5 помалку од Clio), широчината 1.579, а височината 1.516 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.423 mm, а багажникот 270 литри, со соборени задни седишта 620.

Единствено пријатно изненадување е што Dacia Spring во Франција чини 16.990 евра, односно 12.403 евра со пресметани субвенции. Нарачките ќе започнат да се примаат од 20 март, а првите испораки се предвидени за наесен.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *