Tags: , , ,
Ford Mustang, прва генерација (1964-1973) – 7*видеа, фото галерија

Сé останато е историја

» Ford Mustang, можеби најуспешниот спортски модел во историјата на авто-индустријата, беше апсолутна ѕвезда на салонот во Њујорк 1964 година. Тајната на мегауспехот кој следеше беше трансформацијата на обичен американски конфекциски автомобил во суператрактивен, за купувачите евтин а за производство едноставен спортски модел, при што клучот лежеше во дизајнот. Беа креирани неколку суштински различни концепти, од кои виза за понатамошен развој доби моделот со 2+2 седишта во купе и кабриолет изведби и во основа со идентична механика презедена од некој друг високосериски модел, во овој случај компактната лимузина Falcon која имаше надолжно поставен мотор напред и погон на задната крута оска ослонета на лиснати пружини.

Основниот модел се задвижуваше со реден шестцилиндричен мотор со брегаста оска во блокот, работна зафатнина од 2,8 литри и 102 KS. Со тристепен мануелен менувач постигнуваше 154 km/h и до 96 km/h забрзуваше за 14,5 секунди, што за тогашните американски поими беше сосема коректно, полу-спортски. Заради сето ова некои велеа (и беа во право) дека се работи за ‘лажен’ спортски автомобил, што го потврдуваа и барабан сопирачките на сите тркала. Должината му изнесуваше 4.613  милиметри, широчината 1.732 а височината 1.298 mm, додека потрошувачката од 12 литри на отворено а 20 во град беше ОК. Основната цена изнесуваше 2.368 долари, но неговиот идеен творец Ли Ајакока осмисли паметна стратегија со доплатни опции, така што просечниот купувач плаќаше по 1.000 долари повеќе.

Така Mustang стана мегахит и во наредните две години Ford на него оствари 1,1 милијарда долари профит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *