Tags: , , ,
Alfa Romeo може, Peugeot не!

Peugeot се откажува од Америка во корист на Alfa Romeo

» Новиот концерн донесе и нови приоритети во настапот на Stellantis и плановите за регионално присуство на марките кои го сочинуваат. Така Alfa Romeo чиј опстанок беше загрозен сега доби предност за настап во Америка заради што Peugeot ги откажа своите активности за овој пазар. Имено, стратегијата на Stellantis која сé уште не е претставена на јавноста предвидува концентрирање на постоечките марки во Северна Америка. Заради тоа првиот човек на тамошната филијала на Peugeot која со години работи на враќање на марката на овој пазар кој го има напуштено во деведесеттите години, е назначен за извршен директор на Alfa Romeo за Северна Америка. Ова е дел од напорите на новоформираната корпорација да се намали нејзината зависност од стагнирачиот европски пазар, која во последните години, со припојувањето на Opel, остриот пад на продажбата во Кина и колебањето на сите марки на FCA, стигна до неизвесно и ризично ниво.

Дека двата модела колку што сега Alfa Romeo ги има во гамата се поподобни за Американците отколку сите 12 на Peugeot, не треба да споменуваме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *