Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>3 ноември 1911 година

110 години Chevrolet (2*видео)

» Во желбата да ја контролира и обликува американската автомобилска индустрија онака како што ја има замислено, основачот на General Motors кој заради несогласување со акционерите беше набркан од својата компанија во 1910 година, милионерот Вилијам Дјурант, во швајцарскиот имигрант Луи Шевроле препознава партнер кој со своите тркачки успеси и талентот за техниката ќе му овозможи реализација на плановите. Тие двајцата, заедно со братот на Луи, зетот на Вилијам и неколку други инвеститори на 3 ноември 1911 година ја основаат компанијата Chevrolet. Првиот автомобил, моделот Series C Classic Six иако развиен уште пред основањето на компанијата, започнува да се произведува дури во 1912 година. Луи Шевроле во 1914-тата ја напушта компанијата што го носи неговото име, која веќе наредната година стана толку профитабилна што Дјурант успеа да откупи контролен пакет акции од General Motors, на кој Chevrolet му се приклучува во 1917 година, станувајќи главен носечки столб на корпорацијата и еден од највлијателните производители на глобалната автомобилска сцена на сите времиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *