Tags: , ,
Cupra Formentor VZ5 (со видео)

Братска помош

» Cupra одбележува три години откако се осамостои како посебна марка, по кој повод ги почести своите фанови со интересен модел, најдобриот кој во моментот доаѓа од Шпанија. Означен е како Formentor VZ5, при што тајната на неговата атрактивност се крие токму во бројката 5, која кажува дека има петцилиндричен мотор. Но не било кој – 2,5 литарскиот турбо агрегат носи потпис на Audi Sport и директно е позајмен од RS ергелата на марката. Комбиниран е со седумстепен менувач со две спојки кој на сите четири тркала ги пренесува неговите 390 KS и 480 Nm. Играта со бројки продолжува – спринтот на овој шпански кросовер кој до 100 km/h трае 4,2 секунди ќе запре на ограничените 250 km/h. Со моќниот мотор доаѓа и спортско подесено ослонување со 15 нивоа на тврдост, а сопственикот може да смета и на Akebono сопирачките со шестклипни клешти напред.

Дизајнот му е брутален, посебно назад каде сите погледи одат кон карбонскиот дифузор и двата пара издувни цевки. Еднакво лута е и внатрешноста со школкастите предни седишта и посебно прилагодениот дигитален кокпит. Лута ќе му биде и цената која не е објавена. Производството е лимитирано на 7.000 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *