Tags: , , ,
Дали знаете кое е најаеродинамичното возило во светот?

Самото име Lucid Air му кажува што е

» Во време кога се бројат последните моменти од првите испораки на моделот Air на свежиот американски производител Lucid Motors, од таму нé потсетуваат дека тој со својот коефициент на отпор на воздухот од 0,21 официјално е возило со најдобра аеродинамика во светот. Покрај тоа, адутите со кои ќе истрча на пазарот генерално и директно се насочени против веќе добро етаблираниот Tesla Model S. И малку повеќе од тоа – Lucid Air ќе има електричен погон од огромни 1.800 KS, а сетот од литиум-јонски батерии гарантира автономија до 645 километри.

Самата помисла на огромната силина го поставува прашањето на вонсериските перформанси, кај кои според законите на физиката отпорот на воздухот расте со квадратот на брзината, заради што аеродинамиката јасно избива во прв план. Токму оваа позиција беше омилена тема на конструкторите на Lucid Air, кои времето поминато во воздушниот тунел Concord во Северна Каролина очигледно не го потрошија залудно. Тие успеаја да постигнат коефициент на отпор на воздухот од 0,21 каков нема ниту едно друго сериско возило во светот. Најблизу до овој рекорд се споменатиот Model S на Tesla со резултат послаб за 0,03 и Porsche Taycan за 0,04.

При испитувањето на аеродинамичните својства во воздушниот тунел е создадено струење на ветрот со брзина од 290 km/h. Убава цифра мора да признаеме, но измерената брзина на Lucid Air при тестирањата изнесува полни 380 km/h. А за постигнување на вакви брзини секако огромен придонес има аеродинамичниот облик кој го сече воздухот на начин што создава најмал отпор, засега најдобар во светот на сериските возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *