Tags: , ,
И официјално – PSA и FCA станаа Stellantis

Fiat Chrysler и PSA го комплетираа спојувањето

» Stellantis, четвртиот по големина светски производител на возила, од денес започна да постои. Настана со спојувањето на PSA и FCA чија заедничка вредност изнесува 44 милијарди евра, за што требаше повеќе од една година. Со своите 8 милиони возила годишно тој сериозно ќе им парира на предводниците на пазарот и негови најголеми ривали Toyota, Volkswagen и алијансата RenaultNissan. Неговите акции од понеделник ќе започнат да котираат на берзите во Милано и Париз, а од вторник и во Њујорк. Токму за тогаш е најавена и првата прес конференција која ќе ја одржат генералниот директор Карлос Таварес и претседателот Џон Елкан. Иако не е потврдено за што на неа ќе стане збор, се очекува во фокусот да бидат начинот на кој компанијата ќе се справи со најголемите предизвици – предимензионираните капацитети и слабите перформанси во Кина. Се проценува дека Stellantis ќе донесе заштеда од 5 милијарди евра годишно со користењето на заеднички платформи и погонски единици, оптимизирањето на инвестициите за истражувања и развој, набавките, продажните операции и општите трошоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *