» ,
Kia K5

Ќе ја дочекаме ли и во Европа?

» Пребирливиот европски пазар секогаш бил престрог спрема класичните триволуменски лимузини. Германската тројка на премиум претставници засилена со Passat и Insignia не остава многу маневарски простор. Поради таа причина јапонските, корејските па дури и останатите европски производители се повлекуваат од овој сегмент. Истото се случи и со Kia Optima, но сега со претставувањето на новата генерација во светот позната како K5 ќе има силен притисок за повторно враќање во игра.

Нова платформа

Основните постулати кои биле идејна водилка на конструкторите се употребата на најнова технологија, турбо мотори, можност за интегрален погон и највисоки безбедносни стандарди. Унапредената N3 платформа е одлична основа која овозможува вградување на „сé што е потребно“. Со новите пропорции (490x186x144 cm) Kia K5 сериозно ја напаѓа повисоката класата, а со импресивниот визуелен настап прави директен упад во установената актуелна понуда. Кога сме кај дизајнот, дали некој воопшто треба да биде изненаден од креациите на која потпис ставаат Петер Шрејер, и Лук Донкерволке?

Повеќе силина, подобра тракција

Осумстепената автоматска трансмисија со двојна спојка е дело на домашните инженери. Таа иницијално ги задвижува предните тркала, а во случај на интегрален погон има способност за прелевање на вртежниот момент на двете оски. Посилната моторна понуда го има 2,5 литарскиот GDi агрегат од 290 KS кој во комбинација со споменатиот менувач забрзува до 60 милји на час (96 km/h) за 5,8 секунди. Вториот мотор е преработениот 1,6 литарски исто така GDi кој ослободува 180 KS. И двата мотори имаат напреден систем за работа на вентилите каде што е вклучена и CVVD (Continuously Variable Valve Duration) функцијата. Погодувате, таа функција овозможува оптимизирање на потрошувачката односно исполнување на еколошките норми. Паѓа во очи отсуството на дизел мотор без кој настапот во Европа е речиси беспредметен. Но да почекаме па да ги видиме намерите на Корејците, кои тие во својата витрина имаат два врвни дизела веќе етаблирани на пазарот. Ќе биде вистинска штета ако Корејците решат да не го вратат овој модел на европскиот пазар.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *