» , ,
Nissan Qashqai (видео)

Ист карактер, модерно пакување

» Nissan Qashqai како зачетник на сегментот компактни кросовери во своето трето издание го наследува големиот успех на претходникот – три милиони примероци продадени во Европа и преку пет во светот. Тој во новата генерација го задржа карактерот на претходникот, во едно доста модерно пакување поголемо во сите три димензии. Неколкуте сантиметри посебно кај меѓуоскиното растојание добиени како последица на новата CMF-C платформа се чувствуваат во кабината, најмногу назад. Во неа и полесно се влегува заради поголемиот агол на отворање на вратите, а повеќе место има и во багажникот. На зголемениот комфор се надоврзуваат поквалитетните материјали, а голем е опсегот и на дигитализацијата.

Моторната понуда во која нема повеќе дизели стартува од 1.3 DIG-T агрегатот кој во форма на благ хибрид нуди 140 KS. Неговата посилна изведба од 158 KS може да се комбинира со погон на сите тркала и CVT менувач. Тука е и e-Power хибридот со 1,5 литарски турбо мотор кој работи како генератор. Има 190 KS, а погонот е на предните тркала. Продажбата на новиот Qashqai ќе стартува во јуни, по повисоки цени отколку сега. Во Америка ќе биде лансиран како Rogue Sport.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *