Tags: , ,
Новиот Stonic пристигна во Македонија

Сега достапен и за македонските купувачи

» Stonic за прв пат е претставен во 2017 година и оттогаш до денес постигна голем успех за Kia во Европа – лани беше четврти најпродаван модел на Стариот континент. Пред неколку месеци беше претставена неговата обновена верзија, која ќе продолжи да освојува. Stonic е автомобил посакуван од помладата генерација, а новиот освежен изглед и нивото на опременост во иднина ќе ги надополнат сите побарувања кои досега ги имаа клиентите. Во Македонија моделската 2021 година ќе биде понудена во три нивоа на опременост во комбинација со два бензински агрегати. Првата изведба е Base и ќе се нуди исклучиво со 1.2 DPi бензинскиот мотор со моќност од 84 коњски сили и петстепен мануелен менувач. Следи нивото Reference 1, кое во себе содржи богата опрема, а се комбинира и со 1.0 T-GDi мотор со 100 KS со мануелен шестстепен или автоматски седумстепен менувач. Третата и најопремена изведба е Reference 2 и истата е наменета на оние кои сакаат повеќе, односно сакаат да се истакнат со својот автомобил.

Внатрешниот и надворешниот дизајн на Stonic остануваат главно непроменети. Сепак сопствениците ќе имаат уште поголем простор за прилагодување отколку порано, со нови бои на каросеријата и покривот и нов избор на тркала. Во внатрешноста на Reference нивоата на опрема, нови се инфо-забавниот систем со екран чувствителен на допир од 8 инчи со нови функции и 4,2 инчниот екран на инструмент таблата. Безбедноста и поддршката на возачот дополнително се подобруваат со усвојување на низа нови високотехнолошки напредни системи за помош на возачот како FCA системот за избегнување фронтален удар со препознавање на возила и пешаци и LKAS системот за одржување на возилото во лента.

Повеќе за новиот Kia Stonic може да погледнете на официјалната веб-страница или во салоните на Киа Моторс Македонија.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *