Германците бараат да се наплаќа патарина во целата ЕУ
» Германија сака да протне план за задолжителна наплата на патарина во целата ЕУ. Бидејќи многу ретки се земјите каде тоа сега не прави, ова на прв поглед ова делува збунувачки. Но само на прв поглед, бидејќи во Германија сега се вози по автопат бесплатно. Властите таму се обидоа да воведат систем на патарини, но заради бенефицираниот статус што би го имале домашните возила највисокиот европски суд го стопираше таквиот план.Германците сега под превезот дека наплаќањето патарина се смета за една од мерките во борбата против климатските промени сакаат да наложат таа да биде задолжителна во целата Европска Унија, а со тоа и во Германија. Шансите еден ваков предлог да стане реалност сепак не се големи.