Tags: , ,
Создаден за уживање во брзината

100% чисти октани на дело

» Малку се автомобили подготвени да одолеат на денешните трендови и истовремено да понудат перформанси пред кои мора сите други да отстапат. Еден таков е тркачот во цивилна облека, Porsche 911 GT3. Германските инженери за него немаат предвидено ништо – ни хибридна поддршка, ниту пак турбо компресор. Сé што им требаше најдоа во класичниот четирилитарски атмосферски боксер подготвен од своите шест цилиндри да истисне 510 KS и 470 Nm, вртејќи се притоа до 9.000 пати во минута. Пуританците ќе го изберат со шестстепениот мануелен менувач, ама вистинското е седумстепената PDK трансмисија со која до 100 km/h ќе забрза за 3,4 секунди и ќе постигне 318 km/h, што за половина секунда побрзо и за два километра на час помалку.

Прилагодливиот преден спојлер и огромното задно крило кое се подесува се само некои од елементите на аеродинамиката кои додаваат 50 отсто поголема сила на прилепување во однос на претходникот, а во performance позицијата за трки и дури 150 отсто. Зголемени се трагите на тркалата, а предното ослонување доби двојни попречни рамења, со што се подобрени управливоста и динамичката стабилност при совладувањето на свиоците. Количината карбон е значајна, а тркачкиот ентериер не треба ни да го споменуваме.

Во продажба ќе се најде во мај, по цена од 167.518 евра која е значително повисока во однос на претходната генерација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *