Се прашувам, се прашувам…
» Овие две фотографии од Пенсилванија, САД, предизвикаа големи недоумици – како ли само овој Jeep заврши во купот снег на некои 3,5 метри од земјата?! Тоа никој не знае, дури ни нивниот автор. Претпоставки има многу, а најверојатна е дека се работи за некаков вид на облог на вработените од ближниот авто-сервис кои некако го сместиле очигледно расходуваното возило таму и се обложувале меѓу себе за колку време снегот ќе се стопи и тоа ќе падне.
Знаеме, не звучи баш логично, ама сите други претпоставки се бетер…