» ,
Škoda планира градски електричен автомобил

Целта на Чесите е да не биде поскап од 20.000 евра

» Volkswagen веќе работи на развој на помала електрична платформа, која е како порачана за Škoda. Ваков градски електричен автомобил веќе е влезен во плановите на чешкиот производител како еден од двата електрични модела кој ќе се појават во наредните две години – вториот ќе биде семејна лимузина. Засега не се знае под која ознака ќе биде лансиран, а првите индикации упатуваат дека неговата цена не треба да биде поголема од 20.000 евра. Бидејќи ќе се базира на технологиите на Volkswagen, ќе нема многу простор за избор на погонските опции – што ќе понудат Германците, тоа ќе можат да го понудат и Чесите. А тоа, како засега се знае, ќе биде назад сместен електромотор и батерии со капацитет меѓу 24 и 36 kWh доволни за максимални 300 km.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *