F1-болид за обични патишта
» Mercedes одамна започна да го најавува својот суперавтомобил со развојна ознака Project One, ама ретко кога покажува како ќе изгледа. Еве ни прилика да видиме како изгледа овој F1-болид за обични патишта кој од својот 1,6 литарски V6 мотор и четирите електромотори извлекува повеќе од 1.000 (некои велат и 1.200) коњски сили и постигнува преку 350 km/h. Планирано е да биде претставен на средината од годинава и ќе чини 2,27 милиони евра. Ќе бидат направени 250 примероци кои како велат од Mercedes, се распродадени.