Tags: , ,
Повеќе батерии од Toyota и Panasonic

Заеднички батерии и за хибридните возила

» Наместо како што првично беше најавено само за електричните возила, Toyota и Panasonic во својата заедничка компанија почнувајќи од 2022 година ќе произведуваат литиум-јонски батерии и за хибридите. Во своето соопштение двата јапонски гиганта наведуваат дека фабриката ќе има капацитет за батерии за околу 500.000 возила годишно. Проценка на Toyota е дека годишната продажба на електрични возила ќе достигне 5,5 милиони до 2025 година, пет години порано отколку што првично се очекуваше.

Основана во април, Toyota има 51 отсто учество во компанијата Prime Planet Energy & Solutions, а останатите 49 се на Panasonic, кој е еден од најголемите производители на батерии за возила во светот. Другите водечки играчи се јужнокорејските Samsung SDI и LG Chem и кинескиот CATL. Значајно за заедничкиот потфат на Toyota и Panasonic е што ќе произведуваат призматични место цилиндрични литиум-јонски батерии. Во оваа компанија работат околу 5.600 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *