» , ,
Golf веќе нема да се продава во Америка

Беше еднаш еден Golf…

» Додека во Европа никој не може ни да му се приближи на тронот за најдобро продаван автомобил, во Америка Golf не е толку сакан. Сепак уште од самиот почеток тој се продава таму во количини кои пред неколку години се движеа меѓу 60 и 70 илјади годишно. Но од само нему познати причини, Volkswagen не ја лансираше осмата генерација на Golf во САД – во продажба остана претходната седма генерација, која сé досега се произведуваше во Мексико. Таа сега запре, со што и запре и неговата продажба. Но не целосно – GTi и R верзиите кои се произведуваат во Германија и понатаму ќе се нудат, од есенва во осмата генерација. Зошто е така кажуваат бројките – во 2020 година во САД се продадени примероци 19.484 од Golf, од кои 6.063 од обичната верзија, 11.461 GTi, 1.193 R и 767 од електричниот e-Golf. Истовремено се продадени 82.662 примероци од Jetta.

Цената на Golf од седмата генерација во САД со 1,4 литарски турбо мотор со 147 KS изнесуваше 23.195, на Golf GTi кој има дволитарски мотор со 228 коњи 28.695, а на Jetta со истиот мотор како и Golf 18.995 долари. Од 1974 година досега во САД се продадени скоро 2,5 милиони примероци од Golf.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *