Tags: , , ,
Dacia каква не очекувавме (2*видео, 15*фото)

Голем колку Nissan X-Trail

» Планот на Лука де Мео за ревитализација на Renault донесе многу изненадувања. Едно од поголемите, во буквална смисла на зборот, е новиот SUV на Dacia – концептот наречен Bigster е голем колку Nissan X-Trail. Рака на срце, долги години наназад се споменува нешто поголемо од Duster, но тоа едноставно не се вклопуваше во целиот имиџ и стратегијата за настап на романската марка. Но сега, без притисокот на ултимативните идеи на Карлос Гон, очигледно дојде време за нешто поинакво. Токму тоа го гледаме на видеата и фото-галеријата и веднаш да расчистиме – не е само во прашање нов, поголем модел на марката, туку и целосно нејзино пазарно свртување.

Но, да не прејудицираме прерано бидејќи е најавен за 2025-тата, откако пред него во 2022-рата и 2024-тата ќе се појават уште два нови модела од Б-сегментот. Тој со своите 4,6 метри должина е скоро еднакво голем како и Nissan X-Trail, или пак референцата во класата Škoda Kodiaq. Тоа само по себе ветува пространа внатрешност во која со леснотија може да се смести и трет ред седишта, опција за која Dacia грчевито бара решение. Атрактивниот изглед кој кокетира со робусноста што ја зрачи Duster го прави уникатен и различен од сé што во моментов постои во групата Renault. Иако до појавувањето на пазарот многу стилски детали ќе бидат дебело припитомени, јасно е дека Dacia Bigster ќе остане во рамките на првобитната своја идеја што сега ја гледаме.

Од техничка страна тој ќе биде поставен на познатата но помала CMF-B платформа која веќе ја користат Logan, Sandero, Clio, Captur, Juke и Note. Тоа всушност и му е единствената сериозна забелешка што во овој прв момент може да му се упати, бидејќи ќе се испушти приликата Dacia со него и вистински да влезе во повисокиот Ц-сегмент.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *