Tags: ,
Kia го претстави новиот идентитет (со видео)

Движење што инспирира

» Со гинисов рекорд, Kia го откри своето ново корпоративно лого и глобалниот слоган на брендот што означуваат смела трансформација на производителот на автомобили и потполно нова намена. Воведувањето на новото лого ги претставува амбициите на Kia да достигне лидерска позиција во идната индустрија за мобилност со обновување на скоро сите аспекти на нејзиниот бизнис. Дизајнот на новото лого на Kia се базира на три концепти – симетрија, ритам и издигнување. Симетријата на логото ја одразува конвергенцијата на потребите за мобилност на клиентите со одговорноста за животната средина. Ритамот го отелотворува духот на Kia кој се движи во согласност со желбите на клиентите, а концептот на издигнување на новото лого, со единствена поврзана линија, ја симболизира посветеноста на Kia да донесе моменти на инспирација на клиентите.

„Новото лого на Kia ја претставува посветеноста на компанијата да стане икона за промени и иновации“, вели Хо Сунг Сонг, претседател и извршен директор на Kia. „Автомобилската индустрија доживува период на брза трансформација, а Kia проактивно се прилагодува на овие промени. Нашето ново лого ја претставува нашата желба да ги инспирираме клиентите бидејќи нивните потреби за мобилност се развиваат“. Новото лого беше откриено за време на рекордна пиротехничка изведба на небото над Сеул, Кореја. За оваа цел беа искористени 303 беспилотни летала кои лансираа стотици огномети во синхронизиран уметнички приказ, обележувајќи го новиот почеток на Kia. Со ова се постави нов гинисов рекорд за најмногу беспилотни летала кои истовремено лансираат огномет. Погледнете го блескавиот приказ:

Во прилог на целосно новото лого, Kia го откри и својот нов глобален слоган на брендот, Movement that inspires – Движење што инспирира. Деталите за новата стратегија на Kia, вклучително и целта и филозофијата на брендот, како и примената на идната линија на производи, ќе бидат споделени преку дигиталниот настан New Kia Brand Showcase што ќе се одржи на 15 јануари. Лансирањето на новото лого следи по објавувањето на долгорочната деловна стратегија на Kia план С во 2020 година. Според планот, Kia, меѓу другите цели, има амбиција да заземе водечка позиција на глобалниот пазар на автомобили. Ова е насочено кон популаризација на електричните возила и воведување широк спектар на услуги за мобилност, прилагодени за задоволување на потребите и вкусовите на индивидуалните и локалните пазари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *