Peugeot e-Expert е интернационално комерцијално возило на годината
» Новиот e-Expert е шестото возило на Peugeot кое ја добива престижната награда Интернационално комерцијално возило на годината. Оваа награда е доказ за посветеноста на тимовите на производителот за остварување на стратегијата за електрификација на брендот. Удобен и прилагодлив за да одговара на сите потреби, со широк работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологии од најновата генерација и препознатлив стил и овозможувајќи неограничен пристап до централните градски подрачја, новиот e-Expert овозможува нова понуда во сегментот на компактни комерцијални возила со 100% електричен мотор.
Како совршен пример за моќта на изборот, тој доаѓа со две нивоа на автономија кои обезбедуваат до 330 km (според WLTP), три должини (Compact, Standard и Long), капацитет за влечење од 1.000 kg и носивост од 1.275 kg, при тоа задржувајќи го истиот волумен за товарање како и верзијата со мотори со внатрешно согорување, до 6,6 m³. Задржани се и сите оригинални квалитети на Peugeot Expert, без компромиси, но со нула емисии.
IVOTY е кратенката која го означува добитникот на наградата Интернационално комерцијално возило на годината, најпрестижна награда за едно вакво возило. Победникот се избира секоја година од гласовите од жирито составено од 25 меѓународни новинари, кои претставуваат 25 медиуми специјализирани во овој сегмент. Победничкото возило во својата каросерија ќе може со гордост да го носи логото „Меѓународно комерцијално возило на годината“ една година. Оваа награда ја одразува посветеноста на сите тимови кои учествуваа во проектот e-Expert. Брендот Peugeot ја добива оваа награда шести пат од првото нејзино доделување во 1992 година и тоа во 1994-тата за Boxer, ‘97-мата за Partner, 2008-мата за Expert, наредната 2009-та за Bipper, потоа во 2019-та повторно за Partner и сега за e-Expert.