Tags: , ,
17 години во подрумот си правел Lamborghini! (видео)

Колку е прекрасен светот!

» Не знаеме оваа авантура како ја класифицираме – ментална, физичка, метафизичка или пак којзнае како поинаку. Приказната од видеото вели дека извесен Кен Имхоф поминал 17 години во својот подрум правејќи го својот автомобил од соништата Lamborghini Countach откако се заљубил во него од филмот Канонбал. На помош ги имал само својот инает и двете раце, но на крајот морал да повика и тешка механизација за да ги искрши темелите на куќата и да го извлече на дневна виделина. Освен 17-те години од својот живот тој за него потрошил 65.000 долари, а после сé го продал за 89.000…

И да – тоа е одговорот на прашањето што цело време си го поставувате – неговиот Countach можеби не е вистински Lamborghini ама е вистински автомобил со 5,8 литарски V8 мотор од Ford со 514 KS, кој постигнува 225 km/h.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *