Нашиот или нивниот – кој е подобар?
» Nissan во САД се реши за еден тотално невообичаен потег – неговите дилери ќе започнат со нудење тест возења на Toyota RAV4 за Rogue да се продава подобро. Јапонците, имено, се уверени дека нивниот SUV е далеку подобар конкурентскиот модел и на овој начин сакаат да ги убедат и потенцијалните купувачи во тоа. Но сепак оставена е можност дилерите на марката да не се согласат со нив – прифаќањето на оваа неортодоксна стратегија е на доброволна основа, а одговорните очекуваат барем половината од 1.074-те американски дилери да го прифатат овој неконвенционален потег за убедување на купувачите што не е без ризик, бидејќи меѓу нив сигурно ќе има и такви кои ќе ги проценат разликите меѓу двата модела поинаку од очекуваното. Од Toyota каде веќе знаат дека Nissan има резервирано голем број примероци на RAV4 за изнајмување, одговорија само дека се поласкани, попат не заборавајќи да споменат дека токму нивниот модел е бр.1 најдобро продаван компактен SUV во САД.