Некогаш работите не беа така едноставни
» Денес практично нема автомобил во чии карактеристики не се среќаваат зборови како Apple CarPlay, Android Auto и други кои треба да ги истакнат технолошките можности да се слуша музика за време на возењето. Но, некогаш работите не беа така едноставни, барем не до 1982 година кога Sony и Philips го лансираа компакт-дискот. Пред тоа, од 1968 кога за прв пат се појавија, на располагање беа радио-касетофоните, а пред тоа…
Е, пред тоа инженерите во целост мораа да ги впрегнат своите вештини и иновативноста и да смислат нешто како ова што го гледате на сликата. Наречено е Highway Hi-Fi и во суштина е грамофон наменет за вградување во автомобилите. Го создаде компанијата CBS Laboratories во 1955 година, а се нудеше во моделите на Plymouth, Dodge, DeSoto, Chrysler и Imperial. На него можеа да се слушаат плочи со различна големина, а неговите креатори тврдеа дека возењето низ свиоци, брзината или пак кочењето не влијаат на квалитетот на музиката, што го имаат поткрепено со куќиштето отпорно на удари.
Не е познато каков комерцијален успех има постигнато овој уред стар 65 години, но навистина мора да им оддадеме признание за визионерската генијалноста и вниманието на деталите.