Tags: ,
Цените на електричните и класичните возила ќе се изедначат до 2024-тата

Добри вести за сите

» И покрај сé поголемиот пробив на пазарот и најавите за пониски цени, електричните возила денес се значително поскапи од оние со мотори со внатрешно согорување. Покрај големите трошоци за развој и ниската продажба која треба да ги врати тие трошоци, главна причина се батериите, кои сега во цената на возилото учествуваат со 25 до 40 отсто. За анулирање на таа разлика помагаат субвенциите што државите ширум светот ги делат, но ниту тие не се доволни.

Сепак за некоја година ќе немаме причина да не се откажеме од купување возила на фосилни горива. Во тоа нé убедува швајцарската инвестициска банка UBS, која во својата студија тврди дека до 2022 година разликата во цените на електричните и класичните возила ќе се сведе на 1.900 долари, а до 2024-тата тие ќе се изедначат. До овој заклучок тие имаат дојдено со анализа на движењето на цените на батериите кај седум најголеми нивни производители.

Според Швајцарците, со опаѓањето на цената учеството на електричните возила на глобално ниво во 2025 година ќе изнесува 17%, а во 2030-тата дури и 40% од новорегистрираните возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *