Tags:
Турбо компресори (видео)

Помал волумен на воздухот, повеќе сила

» Турбо компресорите се еден од неколкуте системи за дополнително зголемување на силата на моторот. Принципот на кој го постигнуваат тоа е многу едноставен – со компресијата на воздухот односно со намалување на неговиот волумен се зголемува количината што може да се внесе во цилиндрите, а со тоа и количината гориво што може да согори. Затоа и моторот со турбо компресор по дефиниција произведува повеќе сила од мотор со иста работна зафатнина кој нема турбо компресор.

За компресорот да може да ги збие воздухот се користат издувните гасови од моторот кои ја вртат турбината прикачена на заедничкото вратило со него. Турбината и компресорот обично се вртат со 100 до 150 илјади вртежи во минута, а бидејќи целиот склоп е прикачен директно на издувната гранка на моторот, температурите во него се доста високи. Притисокот што го создава турбината главно се движи до половина бар, што значи дека во таков случај во моторот се внесува за 50 отсто повеќе воздух. Тоа сепак не значи дека и силата ќе се зголеми за исто толку како што може да се очекува, бидејќи ефикасноста на системот не е стопроцентна – реалното зголемување е до 30 до 40 отсто во зависност од конструкцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *