Tags: ,
Обновен е Fiat Tipo

Нов дизајн и нова верзија

» Со обновувањето Tipo доби нов, помодерен дизајн на предниот дел со нова маска и голем натпис Fiat, поинакви светла и браник и додадени хромирани детали. Назад измените се скромни –  светлата сега се LED, а нови се и тркалата од 16 и 17 инчи. Внатрешноста е дополнета со нова 7-инчна дигитална инструмент табла и UConnect 5  мултимедиски систем со екран од 10,25 инчи, а дотерани се и управувачот и рачката на менувачот.

Најголемата измена се крие зад ознаката Cross која ја краси новата протеренска верзија на Tipo. Во основа тоа е хечбек со додадени заштитни елементи на каросеријата, поробусни браници, детали во сребрена боја, поголеми тркала, модификувано ослонување и за 40 mm зголемено растојание од подлогата. Погонот, нормално, останува само на предните тркала. Кај новиот Tipo новости има и во гамата мотори. Додаден е 1,0 литарски трицилиндричен бензинец со 100 KS и 190 Nm максимален вртежен момент кој ги остварува при само 1.500 вртежи во минута, за разлика од актуелниот 1,4 литарски агрегат со 95 KS кој своите 127 Nm ги испорачувана 4.500 вртежи. Познатиот 1,6 литарски Multijet дизел е унапреден и сега развива 130 KS, а во палетата мотори ќе биде и послабиот дизел со 95 KS.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *