„Отровна шминка“
» Заради трокраката ѕвезда што свети, Mercedes ги доведе животите на нивните возачи и патниици во опасност. Причината е банална, но последиците нималку не се – некоректно инсталираното заземјување на осветлениот симбол на марката потенцијално може да влијае на функционирањето на другите компоненти кои го делат тоа заземјување, конкретно контролната единица на серво уредот на системот за управување, моторот на бришачите на ветробранското стакло и левото светло, што може да предизвика тие да не работат. За да се исправи ова, сервисерите мораат да ја изместат точката на заземјување и наново да формираат конекција.
Информациите за (засега) доброволниот повик на сопствениците на засегнатите возила во САД – вкупно 12.799 од моделите GLE и GLS произведени меѓу 8 декемеври 2018-та и 2 февруари годинава ги објави национална американска агенција за безбедност во сообраќајот NHTSA. Во документот се наведува дека Mercedes за тоа бил известен уште лани и дека веднаш спровел истрага, меѓутоа пандемијата го одложила процесот на повлекување на возилата на корективната интервенција, кој ќе започне на 8 декември. За среќа, инциденти предизвикани од овој проблем немало. Нема ниту извештаи дали овој пропуст се среќава и на возилата пласирани надвор од САД, каде споменатите модели на Mercedes се произведуваат.