Tags: , , , ,
Електричната Dacia Spring чини само 11.000 евра!

Renault провоцира со цените на електричната Dacia Spring

» Сакајте верувајте сакате не, ама вистина е – електричната Dacia Spring во Унгарија чини само 11.000 евра. Информацијата осамна на официјалната веб-страница на Dacia, каде се вели дека нејзината цена за првите 100 купувачи кои ќе направат преднарачка ќе изнесува 6.490.000 форинти, односно 17.800 евра. Понатаму се истакнува дека со субвенциите кои за електричните автомобили ги одобрува државата, цената се спушта на 3.990.000 унгарски форинти, односно само 11.000 евра! Унгарците дополнуваат и дека иако споменатите 100 примероци веќе се резервирани, тие сé уште примаат преднарачки со депозит од 100.000 форинти (275 евра) во случај да се обезбедат повеќе возила или некој да ја откаже својата резервација.

Renault официјално сé уште ги нема објавено цените за Dacia Spring, а бидејќи ваква информација постои само на веб-страница на Dacia во Унгарија, не и во другите земји, ова може да се протолкува и како провокација на пазарот на електрични возила. Dacia Spring е ребрендирана верзија на моделот City K-ZE кој е базиран на малиот кросовер Kwid кој Renault го произведува во Индија и Бразил. Неговата електрична верзија се произведува од заедничката компанија на Dongfeng, Renault и Nissan во Кина, каде со вклучени субвенции чини 61.800 јуани, односно 7.800 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *