Tags: , , , ,
Истражување на непознатото: Porsche Taycan (фото галерија)

Porsche Taycan ги запозна убавините на Македонија

» Првиот електричен автомобил нa производителот на спортски автомобили Porsche, заедно со проектот Discover The Unknown (Откриј го непознатото), започна со „електрична“ експедиција во истражување на уникатноста на градовите и спектакуларните места кои ја претставуваат природната убавина на регионите во Централна, Источна Европа и Балканскиот полуостров. Како дел од проектот во нашата држава преку јужната граница пристигна караванот кој го сочинуваа снимателска екипа, тимот за поддршка од Порше Македонија на главниот истражувач – Taycan Turbo S и нашите Porsche пријатели во државата.

Експедицијата го започна истражувањето од историскиот Охрид, по чии улици во потполна тишина се движеше електричниот Taycan, низ Горна порта до Самуиловата тврдина, преку античкиот амфитеатар и автентичните тесни улици помеѓу уникатната архитектура на охридските куќи, до главното пристаниште во центарот на градот. Од тука конвојот се упати кон пазувите на Бушева планина кон највисокиот град на Балканот – Крушево, преку Битола и Прилеп. Спектакуларниот поглед од највисоката точка во близина на Крушево – Манастирот Св. Преображение ја истакнува убавината на пелагонискиот регион.

По оваа локација, Taycan се упати назад кон Охрид, преку Ресен до планината Галичица покрај Преспанското езеро, кон панорамскиот поглед во кој се спојуваат двете најголеми езера во нашата држава. По 340 изминати километри и 20% преостаната автономија на 800-волтната батерија, Porsche Taycan Turbo S беше надополнет на Porsche Destination Charging полначите поставени во хотелот Уник во Охрид. На вториот ден од експедицијата Taycan се упати кон планината Бистра, преку Маврово и Ростуше кон Галичник, каде перформансите на двата електрични мотори кои генерираат 760 коњски сили и 1.050 Nm го одведоа до пределот каде небото и облаците се споени со земјата на прекрасната висорамнина и погледот кој го одзема здивот надополнет со препознатливите галички бачила. Експедицијата беше завршена во главниот град Скопје, каде можност да го запознаат Porsche Taycan одблиску имаа неколку вистински ентузијасти на Porsche, како и многуте минувачи чии очи беа заробени од дизајнот на последната едиција на производителот на спортски автомобили Porsche.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *