Му пресудила снимката
» Од причини за кои и самиот не е сигурен дека ги знае, 27-годишниот Арон Ли во Сандерленд, Велика Британија, на место каде ограничувањето е 30 милји на час (48 km/h) возел со брзина дури 108 милји на час, односно 174 km/h! За негов баксуз на улицата се нашол возач кој имал вклучено внатрешна камера со која го снимал сообраќајот и снимката ја доставила на полицијата. Иако од авион се гледа дека црниот Mercedes лета како луд, и тоа во спротивната лента на прометна улица во близина на болница со куќи од двете страни и паркирани возила на коловозот, органите на редот имале мака да докажат колку возел – морале да ги бројат фрејмовите на снимката и да ги споредуваат со референтните точки од самото место. Судот го прифати нивниот метод и откако безобзирниот возач се изјаснил виновен, го чека казна која ќе му биде изречена идната недела.
коментари: