Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>23 февруари 1967 година

Огнената птица полета

» Дизајнерите и инженерите на General Motors го направија невозможното – за само шест месеци успеаја на платформата на свежо претставениот Camaro да подготват уште еден пони автомобил – Pontiac Firebird. Беше потребен за да се бори со Ford Mustang кој за две ипол години освои дури 1,3 милиони купувачи. Иако во голема мерка базирана на братскиот модел од Chevrolet, „огнената птица“ полета со нов дизајн кој на марката ѝ донесе голема препознатливост. Уникатност му беа дводелната маска со интегрираните браници, како и трите жабри пред задното тркало. Беше достапен како купе и кабриолет, со широк дијапазон мотори – од шестцилиндричниот 3,8 литарски со 165 KS до 6,6 литарскиот V8 со 325 коњи. Првата година беа продадени 67.032 купеа и 15.528 кабриолети, по цени кои стартуваа од 2.660 односно 2.900 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *