» ,
Италија – извор на неисцрпна инспирација (видео)

Повеќе од само уште еден спортски автомобил

» Нам името Тараски Берардо ништо не ни значи, но во Италија добро знаат кој е. Наскоро ќе дознае и цел свет, бидејќи неговиот син Тацио реши во негова чест да направи спортски автомобил кој ќе го носи неговото име – Taraschi Berardo. Затоа има ретро изглед инспириран од спортските модели од педесеттите години, но механиката му е современа. Каросеријата е од алуминиум, а техниката од BMW i8 – хибриден погонски склоп на 1,5 литарски турбо бензинец и електромотор со вкупно 420 KS, а во план се и верзии со 470 и 520 KS. Има две седишта, постигнува максимални 280 km/h, долг е скоро 5 метри, вратите му се отвораат нанагоре и има делови од јаглеродни влакна, Brembo сопирачки, кожа и детали од махагони во ентериерот.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *