Tags: , ,
Fiat 500 ќе добие уште една врата

За полесно влегување назад

» Момент пред испораката на првите примероци на новиот 500, Fiat се подготвува да претстави негова варијанта со уште една странична врата. Сместена од десната страна, таа ќе биде помала и ќе се отвора спротивно, овозможувајќи полесен пристап до задните седишта. Заради тоа централниот столб ќе биде засилен, што заедно со механизмот на вратата ќе додаде околу 30 kg на тежината на возилото. Продажбата на оваа варијанта на Fiat 500 која ќе биде наречена Trepiuno (три плус една на италијански) ќе започне на почетокот на 2021 година.

Ваквото техничко решение е вообичаено кај пикапите со продолжена кабина, но меѓу автомобилите е ретко. Се среќаваше кај Mini Clubman, но не преживеа во неговата втора генерација. Подолг „век на траење“ имаше кај Mazda RX-8 која имаше две такви задни врати, а сега таков е електричниот кросовер MX-30. Главен недостаток му е што прво мора да се отвори предната вратата.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *