» , , , ,
Од Кина до Европа преку Велика Британија

MG ќе ја освојува Европа

» Со огласување за работните места за директори за продажба во Германија, Шпанија и Италија, MG ги откри своите планови за освојување на цела Европа. Производителот со седиште во Лондон чиј сопственик е кинескиот SAIC Motor е присутен на пазарот во Велика Британија повеќе од деценија. Лани таму како најголем увозник на автомобили произведени во Кина продаде 14 илјади возила, што е бројка сама за себе достојна за респект. Сепак таа не ги задоволува амбициите на раководството, бидејќи компанијата на домашниот кинески пазар во исто време продаде 270 илјади, како и уште 53 илјади на уште некои азиски пазари и во Австралија. Затоа и е фрлен пикот на Континентална Европа, од чии големи пазари најпрво ќе се освојува германскиот.

Пробниот балон беше лансиран лани, кога марката скромно настапи во Франција, Холандија и Норвешка со електричниот кросовер ZS (на малата слика лево). Главен адут ќе биде токму електриката, присутна уште и во MG5 (на уводната слика лево) и плаг-ин хибридот HS (од негова десна страна). Првиот располага со 156 KS и батерии кои му даваат автономија од 344 километри, а вториот со 1,5 литарски турбо мотор и електромотор кои заедно даваат 258 KS. Компанијата има 112 дилерства на Островот и веќе работи на оформување на продажна мрежа во Луксембург, Белгија и Австрија. Споменатиот ZS во моментов зафаќа ¾ од нивната продажба. Битна улога за експанзијата на MG ќе има и фактот дека производителот има сопствени капацитети за 300.000 батериски комплети годишно.

Цената на ZS во Велика Британија изнесува 28.500, на MG5 27.500 а на HS 30 илјади фунти.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *