Tags: , , ,
Електричен спринтер (видео)

Наредна генерација на N Performance моделите

» Hyundai ја подготви наредната генерација на електрифицираниот тркач, сега со ознака RM20e. Кој ги следи достигнувањата на марката знае дека буквите RM доаѓаат од Racing Midship, што значи дека има централно поставен електромотор кој сега е навиен на огромни 810 KS и 960 Nm. Тие му овозможуваат експлозивно забрзување до 100 km/h за помалку од 3, а до 200 km/h за точно 9,88 секунди, а максималната брзина му е поголема од 250 km/h. Но позначајно од суровите перформанси е дека RM платформата им овозможува на инженерите да ја користат како лабораторија на тркала за испитување на технологииите кои уште утре би можеле да се преселат во нормално патно опкружување во сериски електрични автомобили.

Hyundai го започна овој проект за развој и поврзување на новите високоперформанси технологии од мотоспортот со идните N-модели на марката во 2012 година. Прогресивната еволуција лани доведе до првиот електричен тркачки автомобил RM19, развиен за eTCR серијата на електрични туристички автомобили. Сега, RM20e претставува ново револуционерно поглавје во електрифицираните перформанси. Купе основата му е од Veloster, а заради позиционираноста на погонскиот склоп и тркачката намена има две седишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *