Tags: , , ,
Dacia Sandero и Logan: Трета генерација (фото галерија)

Голем исчекор напред

» Сé започна во 2004-тата со еден модел од кој се разви целовита и разнолика гама со која Renault веќе деценија ипол спроведува преобразба на автомобилската понуда. Dacia Logan и кај нас бргу стана култен модел и бестселер, на кој три години подоцна му се придружи и Sandero. Тие и денес го пленат вниманието на купувачите со својата примамлива цена и она што се добива за неа, а сега во новата генерација станаа уште поатрактивни.

Најмногу придобивки донесе новата модуларна платформа која доаѓа со засилени и поекономични мотори. Дизајнот е потполно нов, помодерен и попривлечен, но верно го пренесува духот на своите претходници. Надворешните габарити се задржани, но благодарејќи на конструкцијата добиена е поголема пространост. Едноставноста на решенијата и понатаму е карактеристика, сега дополнета со повеќе современи и трендовски додатоци: автоматскиот клима-уред, загреваните предни седишта, hands-free влегувањето, електричната рачна сопирачка, камерата за возење наназад, паркинг-сензорите напред и назад, сончевиот покрив, блутут, Android Auto и Apple CarPlay конективноста…

Достојно внимание е посветено и на безбедноста и асистентите на возачот, па така во Logan и Sandero можат да се сретнат темпомат, автоматски светла и бришачи, странични воздушни перници и воздушни завеси, помош при нагло кочење, предупредување за возило во мртвите агли, помош при паркирање и тргнување на нагорници и друго. Гамата Euro 6d мотори со старт-стоп систем стартува од еднолитарскиот трицилиндричен SCe 65, па преку неговата TCe 90 турбо верзија оди до интересниот TCe 100 Eco-G кој како погонско гориво може да користи и авто-гас.

Накратко, со сé уште ненадмината цена која ќе ја дознаеме подоцна, новите модели нудат посовремен изглед и побогата опрема, притоа задржувајќи ги своите темелни вредности – едноставноста и доверливоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *