Од Hispano Suiza до Iveco
» Настаната на темелите на Hispano Suiza, историската шпанска марка Pegaso продолжи да го шири наследството на славното име пренесувајќи ги страста, пионерскиот дух и моќта во светот на комерцијалните возила. Првите камиони наследија доста од моделите на Hispano Suiza, вклучувајќи ги и рамната и модерна кабина и бензинскиот мотор. Напредокот бргу ги опреми со дизел мотори, но Pegaso не запре тука – пионерскиот дух на марката дојде до израз уште во 1952 година кога беше направен прототип на електричен камион. Неговите батерии се полнеа 5 часа и имаа капацитет за 75 km, но за жал не влезе во производство. Затоа пак послужи како основа за развој на тролејбуси. За да го зголеми својот имиџ, Pegaso едно кратко време тогаш произведуваше и спортски автомобили. Марката остави и голема трага во историјата кога во 1989-тата како прв производител во европската индустрија претстави концептен камион. Но веќе наредната година компанијата потпадна под капата на Iveco, по што еден по еден моделите на марката исчезнуваа од пазарот – последниот камион Pegaso беше произведен 1994 година.