Тестови кои за 6 месеци симулираат 12 години
» Корозијата е непријател на сите автомобили. Производителите велат дека нивната заштита овозможува каросеријата да биде без ‘рѓа 10 до 12 години, но како тие знаат дека таа навистина ќе издржи толку? Во ова видео се објаснува како инженерите на Volkswagen го симулираат процесот на стареење на автомобилот. Компанијата одамна има сфатено дека ‘рѓата често сугерира на целокупниот квалитет на возилото и негативно влијае на имиџот на марката. Затоа и заштитата од корозија започнува многу пред производството – уште при конструирањето на возилото. Потоа следи ова што го гледате – напорни и сеопфатни тестирања.