Швеѓаните се и иновативни и во финансирањето на своите идеи
» Volvo воспостави „зелена“ финансиска рамка, што му овозможува да ја финансира стратегијата за електрификација со издавање на својата прва „зелена“ обврзница. Приходите од неа ќе бидат искористени за финансирање на развој на нови електрични модели, нови платформи и погонска технологија, како и за зголемување на капацитетот за производство на батерии и електрични автомобили, соопшти компанијата. Според финансискиот директор на Volvo Карла де Гејселеер, компанијата со зелената обврзница што ќе биде издадена пред крајот на годината очекува да собере неколку стотици милиони евра. Таа исто така додаде дека доколку идејата се покаже успешна, во план е издавање на повеќе серии „зелени“ обврзници.
Според интерната проценка, околу една четвртина од вкупните инвестиции на Volvo се трошат на еколошките проекти. Воспоставената „зелена“ финансиска рамка ќе биде искористена и за барање заеми од комерцијалните банки.