Tags:
Преден погон – предности и недостатоци (видео)

Бројни предности и по некоја маана

» Предниот погон, комбиниран со попречно поставен мотор, овозможува значителна заштеда на просторот, а рамната подница (без тунел за карданот) го зголемуваат комфорот на задните седишта. Ваквата концепција е и доста поевтина заради компактната изведба на моторот, менувачот, диференцијалот и погонските оски. Со тоа, заедно со исфрлањето на карданското вратило, се намалуваат и губитоците на сила и потрошувачката на гориво. Ваквата конструкција обезбедува и поповолно оптоварување на предните тркала и подобра управливост, што овозможува поголема стабилност и подобри перформанси, посебно на лизгава подлога.

Но тоа е само дел од приказната. Ако погонската сила е преголема, тој има негативно влијание на управливоста заради различната должина на полуоските предизвикана од попречно поставениот мотор. Заради тоа предниот погон не е препорачлив за автомобили со повеќе од 250 KS. Исклучоци секако има – Cadillac Seville STS имаше 300, а Ford Focus RS500 дури 350 коњи на предните тркала.

Но како и да е, предниот погон навлезе и во бастионите на класичната конструкција – покрај Mercedes и BMW беше еден од последните, но и Баварците во 2014 година попуштија со моноволуменецот 2 Active Tourer со попречен мотор и преден погон. Во Минхен повеќе не можеа да ги игнорираат бројните предности на концепцијата, посебно што на неа од 2001 година почива успехот на Mini. По истиот концепт потоа се направени и X1, X2 и серијата 1.

Предности

  • Значително ги зголемува стабилноста на мокар и лизгав коловоз и возните својства на снег, посебно за неискусните возачи
  • Ја зголемува безбедноста бидејќи скоро целосно го елиминира подуправувањето и го намалува ризикот автомобилот да направи ‘пируета’, односно опасно да му занесе задниот дел при брзо поминување низ свиоци
  • Ја намалува потрошувачката на гориво бидејќи нема кардан, а попречното вградување на моторот ги намалува механичките отпори и тежината
  • Го зголемува комфорот бидејќи компактната изведба на погонскиот склоп сé напред остава повеќе простор во кабината за патниците и багажот
  • Ја поевтинува изведба бидејќи моторот, менувачот, диференцијалот со погонските полуоски и хомокинетичките зглобови, како и системот за управување и предното ослонување се вградуваат исцело

Недостатоци

  • Повеќе од 250 KS на предните тркала тешко се кротат, а над 200 е неопходно блокирање на диференцијалот
  • Го намалува уживањето во возењето бидејќи силата негативно влијае на воланот, забавувајќи ја реакцијата, а и контролираното дрифтање е оневозможено
  • Го зголемува кругот на вртење за десетина отсто заради конструктивните ограничувања на хомокинетичките зглобови
  • Го влошува балансот на возилото бидејќи типично 62 до 65 отсто од тежината е концентрирана напред, додеа кај задниот погон е можна и идеална 50:50 дистрибуција
  • Потешко е вградувањето на 4×4 погон – задниот погон со надолжно поставен мотор многу полесно се надградува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *