За прв пат само со V12 агрегат
» Како наследник на DB7, Aston Martin во 2004-тата го претстави моделот DB9. Постојат две причини зошто беше заобиколена бројката 8 – првата е што можеше да се помисли дека таа го претставува бројот на цилиндрите а втората што со повисоката ознака Aston Martin сакаше да го покаже големиот напредок во однос на претходникот. Со право, бидејќи за прв пат во историјата на DB серијата еден модел беше достапен само со V12 агрегат, познатиот 5,9 литарски кој во неговиот случај развиваше 450 KS и го забрзуваше до 100 km/h за само 4,6 секунди. DB9 уживаше голем успех и за 12 години беа продадени околу 16.500 возила.