Tags: ,
Ќе ги врати ли Picanto позициите?

Поприлично созреан, малиот загуби чекор

» Во податоците за продажбата на Kia за 2020 година во Европа генерално владеат добри бројки, но не секаде – Picanto загуби 35 отсто од купувачите, иако лани беше значително подмладен. Можеби токму тоа е и причината за губењето на позициите бидејќи продажбата му започна есента. Таму каде што припаѓа, а тоа е европскиот А-сегмент, не е вообичаено да се понуди модел сo гаранција од 7 години или 160 илјади километри. Ниту пак опрема која ја има, слична на онаа од за два броја поголемите модели. Така, редизајнираниот Picanto доаѓа со комплетен сет за безбедност каде се вклучени детекција и автоматско сопирање во случај на опасност од колизија. Присутни се и предупредувањето за напуштање на коловозна лента, автоматското држење на правец, покривањето на мртвите агли, прдупредувањето за замор на возачот и уште цела низа системи кои одат во раскошно димензионираниот пакет.

Заедно со редизајнот доаѓаат и две верзии на трицилиндричните Smartstream еднолитарски бензинци. Значајниот за имиџ 1.0 T-GDi ослободува 100 KS, при што обилна помош добива од системот за вбризгување кој сега работи под притисок од 350 бари. Атмосферецот го заменува стариот мултипоинт мотор, а улогата за полнење на цилиндрите сега ја презема dual-port fuel injection технологијата. Свој придонес во примерната ефикасноста дава и целосно наново развиениот термички менаџмент. Излезната силина на овој мотор е задржана на 67 KS, но уште поважен од тој податок е извонредната економичност, односно ниската емисија на CO2. Опционално во понуда е и нов автоматизиран менувач, кој е економска замена за автоматските трансмисии и одлично си ја врши работата.

За почитувањето на публиката за која е наменет Picanto говори и податокот за целосно новата конективност која ќе се препознава како Phase II UVO. Бројни се конективните можности како и новите информации кои ги пружа системот, па реално е да се очекува и во идните модели на Kia. За малку ќе заборавевме да ги споменеме системите за стабилизација при возење и сопирање, како и 7-те воздушни перници. Сé на сé, зборуваме за најбезбедното возило во својата класа.

Ќе се врати ли Picanto на своите позиции во продажбата на Kia? На тоа прашање Корејците одговараат дека не е прашање дали, туку кога ќе се случи тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *