» ,
Donkervoort D8 GTO-JD70 (видео)

Мало внимание за сопственикот

» Donkervoort прави спортски автомобили со пропорции кои диминирале во првите децении на минатиот век. Двоседите со невообичаено долг преден дел, под каросеријата кријат најсовремена технологија. Да, и најчесто се без тврд кров! Холандската работилница имаше убав повод својот врвен модел D8 GTO да го доработи до перфекција, односно егзотичното да го доведе до екстремни спортски граници. Само 70 примероци од JD70 им беа понудени на купувачите, со привилегија првиот примерок да го повози лично сопственикот Јоп Донкерворт. Тоа и го заслужуваше основачот на работилницата по повод својот 70-ти роденден.

Мотор од Audi

Ако го занемариме тој аспект на проектот, ќе забележиме дека под долгиот нос е сокриен петцилиндричен турбо мотор од 2,5 литри со потекло од Audi. Петстепената мануелна трансмисија се грижи силината од 415 здрави коњи и вртежниот момент од 560 Nm да пристигнат до задните тркала. Новиот издувен систем со филтер за честички за задоволување на Euro 6d-Temp стандардите е насаден пред задните тркала.

Тежина од 700 kg

Благодарејки на употребата на карбонски влакна и кевлар, вкупната тежина на JD70 е задржана на исклучително ниските 700 kg. И без да погледнеме во табелата со технички податоци, се насетуваат возбудливите перформанси. Само 7,7 секунди се потребни за достигнување на, внимавајте – 200 km/h; првата стотка се фаќа за 2 секунди и 7 десетинки. Спортистот без класичен кров може да постигне максимални 270 km/h. Чувството веројатно е неверојатно! Тоа поради надолжното забрзување кое изнесува 1,02 g и латералното кое постигнува вредност од цели 2,0 g. Ако некој се осудува да компарира, ќе мора да се потсети на вредностите кои ги постигнуваат борбените авиони. Подготвеноста на целото подвозје за такви лудории е на потребното ниво. Тука се адекватните стабилизатори на двете оски, прилагодливите амортизери, пневматиците Nankang AR-1

Да не должиме, на оние што беа заинтересирани им беа потребни 198 илјади евра за да застанат во ред за него, а такви имаше многу.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *