Британски производител на автомобили заборавен од историјата
» Британската марка возила ABC во 1920-тата ја лансираше истоимената компанија која произведуваше авиони и мотори за разна употреба. Се обидоа искуството што од првата светска војна го имаа со своите напредни но проблематични авионски мотори да го пренесат и на автомобилите, кои беа исклучително лесни – првиот модел тежеше само 305 kg, заради што неговиот двоцилиндричен воздушно ладен 1,2 литарски мотор овозможуваше добри перформанси и најголема брзина од скоро сто километри на час. Но беше скап, бучен и проблематичен. Често се расипуваше, тешко се стартуваше, а посебен проблем беше решението со отвор за резервоарот за гориво на врв од радијаторот, така што неискусните возачи често по грешка таму сипуваа вода. Подоцна квалитетот на изработката и издржливоста беа поправени, посебно на моделот 12/40 HP Super Sports од 1925 година. Излетот во автомобилските води оваа компанија го заврши во 1929 година.